До стартот на ЕП остануваат уште четири дена, а репрезентациите ги имаат последните проверки пред големиот предизвик.
Шведска, која е еден од ривалите на Македонија на континенталниот собир, повторно славеше над Полска, но на денешниот натпревар дојде до минимален триумф.
Скандинавската селекција победи со 28:27, а вчера беше поубедлива, триумфираше со 38:22.
Унгарија, исто така ривал на Македонија во групната фаза а ЕП, имаше биланс од четири победи и еден пораз во последната фаза од подготовките.
Ракометарките на Унгарија денеска повторно беа доминантни, овојпат против Украина, победија со 38:19.
Во рамки од Златната лига, Шпанија и Чешка одиграа без победник, 30:30, додека Франција ја победи Ангола со шест гола разлика, 30:24.