Селекторот на женската репрезентација на Шпанија, Амброш Мартин, го објави скратениот список на ракометарки за двомечот со Македонија од квалификациите за ЕП 2024.
Мартин смета на 18 ракометарки, меѓу кои и искусната Александрина Барбоса, која не беше дел од Мундијалот кон крајот на 2023 година.
На голот се искусните Кастеланос и Зогби, тука се Марта Лопез, Кармен Кампос, Лара Гонзалез, а повратнички се десниот бек на Бломберг, Она Веге и левиот бек на Глорија Бистрица, Сејнабу Мбенге.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Шпанија се игра на 29 февруари во Скопје од 18:00 часот, а вториот меч е на 3 март во Ланцароте од 17:00 часот.
Двете селекции имаат по две стартни победи над Литванија и Азербејџан и практично се пласирани на ЕП, па во меѓусебниот двомеч ќе се борат за првото место во квалификациската група.