Данскиот голман Емил Нилсен, од 2026 година најверојатно ќе го брани голот на унгарскиот гигант Веспрем.
Според најавите на „Радио Каталуња“, Нилсен веќе ги договорил деталите за трансфер, а ги информирал во Барселона дека заминува по крајот на договорот.
Следното лето каталонскиот гигант останува и без Гонзало Перез Де Варгас, па јасно е дека ќе мора да бара нови голмански решенија.
Мајк Јенсен и Родриго Коралес имаат договори со Веспрем до 2026 година, па и тоа се поклопува со доаѓањето на Нилсен.
Многу веројатно е дека и во овој трансфер, како и со оној на Циндриќ, главната улога ја има тренерот на Веспрем, Чави Пасквал.