Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 активно работи на составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.
По левите бекови Антонела Ѓероска и Бојана Георгиевска, средните бекови Михаела Димитриевска и Ева Ѓорѓиевска, десниот бек Тара Аврамоска, уште една ракометарка стави потпис на нов договор.
Станува збор за левиот бек Миа Маринчов, која и наредната сезона ќе биде дел од тимот предводен од легендарната Милева Велкова.
Маринчов е поранешна кадетска репрезентативка на Македонија, а играше за Металург Автокоманда и Атлетик пред да се пресели во Ѓорче Петров 2.
Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.






















