Шок од Хрватска – ракометар суспендиран поради користење дрога!

Голманот на хрватскиот суперлигаш Осијек, Дино Хеќимовиќ, доби двегодишна суспензија поради присуство на амфетамини во неговото тело.

Тестирањето било извршено на 22 септември 2024 година по натпревар од домашниот шампионат, а резултатите покажале присуство на амфетамини.

Примерокот од неговата урина бил потврден како позитивен, по што следувала привремена суспензија на 19 ноември 2024 година.

По разгледувањето на случајот, дисциплинската комисија донела одлука за двегодишна забрана за настап, па забраната ќе важи до 19 ноември 2026 година.

Хеќимовиќ не побарал анализа на Б примерок, не понудил терапевтско изземање и не испратил никаква жалба на одлуката на Дисциплинската комисија.