Norway vs Netherlands, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 19/01/2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Северас: Против Холандија покажавме дека знаеме да играме добар ракомет!

Норвешка успеа да ја совлада Холандија со 35:32 , со што ја запиша првата победа во групата 2 од Главната Фаза на ЕХФ ЕУРО 2024.

По трите натпревари без победа (Фарски Острови, Словенија и Португалија), по кои останаа со 0 бодови во Групата 2, Норвежаните се вратија на победничкиот пат, а со тоа ги вратија и шансите за пласман во полуфиналето.

За најдобар ракометар на денешниот натпревар беше избран голманот на Норвежаните,  Кристијан Северас, кој смета дека денешната победа над Холандија беше многу важна за неговата репрезентација да се врати на победничкиот пат.

Беше многу важно да победиме денеска против Холандија. Во последните неколку натпревари не игравме добро. Тешко е психички да поминувате низ таков период, посебно кога знаете дека имате многу поголем потенцијал.Против Холандија покажаме дека знаеме да играме добар ракомет, и сеуште сме во игра на ова ЕП.-изјави Северас.

Следниот натпревар Норвежаните го играат на 21.јануари со почеток од 20:30 часот, а противник ќе им биде селекцијата на Данска.