Селекторот на женската сениорска репрезентација, Кристијан Грчевски, има нов клупски ангажман.
Тој во претстојниот период ќе го води составот на Тиквеш од Кавадарци, кој се раздели со Драган Марковиќ во саботата по поразот од Еурофарм Пелистер 2.
Грчевски долго време работеше успешно во Бутел Скопје, потоа имаше и меѓународен предизвик во Ал Кадсија од Кувајт.
Своевремено работеше и во младинските школи на Пролет и Вардар, а со Зоран Кастратовиќ беше дел и од стручниот штаб на репрезентацијата на Саудиска Арабија.
Со кавадаречкиот тим го очекува голем предизвик и на домашна и на европска сцена во ЕХФ Купот.
Најпрво викендов во Кавадарци ќе гостува шампионот Еурофарм Пелистер, а потоа на 14 и 22 септември се дуелите од првото коло на Европскиот Куп против грчката Драма.