Машката сениорска репрезентација на Србија, која нема да учествува на Мундијалот 2025, ќе настапи на силниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија, а ќе одигра и две пријателски средби со Унгарија.
Привремениот селектор на Србија, Далибор Чутура, одлучи на овие контролки да настапи со млади сили, а еден од младите играчи е 20-годишниот член на Војводина, Симо Шијан.
Средниот бек, кој е меѓу дебитантите во сениорскиот дрес на „орлите“, ги истакна своите очекувања за пријателските натпревари.
,,Голема чест и привилегија е да бидам поканет во сениорскиот тим. Мислам дека секој што ќе започне да се занимава со овој спорт сонува да дебитира за репрезентацијата. Сите момци на чело на стручниот штаб се фантастични и добро ме прифатија. Времето во Стара Пазова го искористивме да играме заедно и да ги исполниме замислите на тренерот и во напад и во одбрана. Мислам дека успеавме во тоа и најдобро се виде на пријателскиот натпревар со Македонија. Сега ни претстои турнирот во Романија каде ќе одиграме три натпревари. Фокусирани сме да го завршиме како што се очекува од нас, на највисоко ниво“, изјави Шијан.
Нашиот северен сосед токму со Чутура ќе ги доврши квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, кое ќе се одржува во Данска, Норвешка и Шведска.