Селекторот на женската сениорска репрезентација на Црна Гора, Бојана Поповиќ, по објавувањето на списокот за настап на Светското првенство 2023, предизвика лавина негативни коментари кај црногорската ракометна јавност.
На списокот не се најде искусната репрезентативка Милена Раичевиќ, која пред извесен период беше суспендирана од Будуќност, бидејќи долгогодишната репрезентативка реши да го тужи клубот од Подгорица поради ненаплатени побарувања.
Како што е познато, тужбата на Раичевиќ за ненаплатените побарување се по основ на договорот што бил склучен со претходната претседателка на клубот, Радмила Петровиќ, во сезоната 2020/21, во која не играше воопшто, бидејќи беше трудна.
Токму Петровиќ која со Раичевиќ го освои златото на Европското првенство во Србија (2012), како и сребрениот медал на Олимписките игри во Лондон истата година, преку социјалните мрежи даде целосна поддршка на довчерашната капитенка на Будуќност.
На списокот кај Поповиќ имаше место за 20 ракометарки, една од нив е повратничка во репрезентативниот табор. Станува збор за кружниот напаѓач Бобана Кликовац која последен пат дресот на Црна Гора го носеше на континенталниот собир во 2020 година.
Шок во Будуќност: Милена Раичевиќ поднесе тужба, клубот ја отстрани од првиот тим!