Кружниот напаѓач на Охрид, Николаос Лиапис, ќе има репрезентативни обврски во ЕХФ неделата и во битките за СП.
Селекторот Георгиос Зараваниас смета на пивотот на „гладијаторите“ за бараж двомечот за пласман на Мундијалот 2027 година во Германија.
Лиапис игра во одлична форма во дресот на Охрид и ќе биде еден од главните адути на Грција против Холандија во бараж двомечот.
Нашите јужни соседи покажаа дека можат против „лалињата“ во претходните квалификации, па сигурно на Холандија нема да им биде лесно.
Првиот меч се игра во Халкида на 13 мај, додека реваншот е на 17 мај во Ротердам.























