Македонец ги „учи“ Англичаните на ракомет – освои куп трофеј со Лондон

Некогашниот ракометар на Металург и Ринија, Филип Анѓелковиќ, започна тренерска кариера во колевката на фудбалот, Англија.

Таму активно се работи на популаризација на ракометот, а Македонецот е еден од многуте странци што е дел од тамошниот ракомет.

Тој седи на клупата на тимот Лондон ГД, со кој го освои трофејот во Купот на Англија, откако во финалето го победи претставникот во ЕХФ Купот, Оксфорд Универзитет со 39-32.

Претходно, составот што го предводи Анѓелковиќ, ги елиминира Олимпија со 32-28, Ислингтон со триумф од 32-27, како и Вест Лондон со 31-22.

Во Англија, во тимот на Челзи, работеше и некогашниот ракометар на ВВ Тиквеш, Марјан Матошиќ.