ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Атлетик ја чека Стружанка – ќе биде крунисан новиот суперлигаш

Денеска во центарот на вниманието ќе биде единствениот натпревар од прволигашката конкуренција кај дамите.

Тимот на Атлетик го пречекува составот на Стружанка во натпревар од 25 коло и на овој меч ќе го добие пехарот за првото место во лигата од РФМ.

Атлетик досега има само еден пораз во 20 натпревари и од идната сезона ќе игра во суперлигашката женска конкуренција.

Натпреварот меѓу Атлетик и Стружанка се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17:00 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

17:00 АТЛЕТИК – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)