ЅВЕЗДА НА 23. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАРИЈА АНЧЕВА (АСТИБО)

Левиот бек на штипски Астибо, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 23. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Куманово и беше меѓу најдобрите стрелци во важниот триумф.

Анчева го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 85% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 23. коло беа уште и членките на Чаир и Ѓорче Петров, Габриела Величковска и Марија Јовановска.