Изминатиот викенд се играа завршните турнири во Куповите на повеќе држави – Германија, Русија, Турција, Србија…
Во Србија, по возбудливото финале во Нови Сад, на трофеј се израдува Партизан по триумфот над Војводина по пенал серијата со 29-28.
Во Русија, тимот на ЦСКА Москва славеше против Пермски Медведи во финалето на Ф4 во Перм со 34-32, а екс вардарецот Данил Шишкарев беше меѓу најдобрите стрелци.
Во Турција, пак, тимот на Бешикташ без особени проблеми триумфираше во мечот за трофејот против Спор Тото со 40-31.
Во Германија, актуелниот европски првак Магдебург, се израдува на нов трофеј во колекцијата, откако во финалето беше подобар од Мелсунген со 30-19.