Салиу и Тасески постигнаа 21 гол, Јехона ги освои бодовите кај Шампион

Тимот на Јехона славеше на претпоследниот натпревар во прволигашкиот плеј-оф за оваа сезона на гости кај Шампион со 38-34.

Tворци на победата на тимот од Гостивар беа Адис Салиу и Мојсе Тасески, кои постигнаа 11, односно десет погодоци.

Домашните парираа особено во првиот дел, но во вториот имаа една „црна дупка“, па Јехона поведе со плус седум, 25-18.

До крајот гостинските ракометари само рутински ја задржаа предноста и на крајот ги освоија трите бода од гостувањето.

Покрај Салиу и Тасески, по шест гола за Јехона додадоа Давидоски и Костоски, додека кај Шампион најдобри стрелци беа Сибиновски со 12 и Огненовски со десет гола.