РСС со едногласна поддршка: Брегар уште четири години селектор на Србија

Женската сениорска репрезентација на Србија, која обезбеди пласман на Европското првенство 2024, на континенталниот собир ќе биде предводена од актуелниот селектор Урош Брегар.

Словенецот иако со своите избранички потфрлија на Светското првенство 2023, сепак, пласманот на Европското првенство беше пресуден за повторно да ја добие довербата од РСС.

Србија во квалификациите за пласман на ЕП ги имаше репрезентациите на Турција, Бугарија и Црна Гора, а во својата квалификациска група заврши на втората позиција со биланс од три победи, едно реми и два порази.

Брегар и српската ракометна куќа ќе потпишат нов, четиригодишен договор, па така неговата главна цел ќе биде пласман на Олимписките игри 2028. Искусниот стратег селекторската функција во Србија ја извршува од 2021 година.

Како селектор работеше и во својата татковина, односно во женската сениорска репрезентација на Словенија, додека на клупско ниво предводеше неколку познати клубови, меѓу нив беше и поранешниот шампион на Македонија, Вардар.