Селекторот на машката сениорска репрезентација на Србија, Борис Ројевиќ, го скрати списокот на ракометари пред двете средби од квалификациите за ЕП 2026.
Од поширокиот список отпадна членот на Вардар, левото крило Марко Срдановиќ, додека меѓу избраните 18 ракометари се наоѓа Урош Борзаш од Еурофарм Пелистер.
Освен на повредените Марко Милосављевиќ и Алекса Колаковиќ, селекторот Ројевиќ за првите два квалификациски натпревари нема да смета на повредениот Никола Зечевиќ од Партизан.
Искусниот голман Владимир Чупара, кој брани за Динамо Букурешт, беше поштеден, иако се опорави од повредата на коленото и се врати на терените.
Србите ги стартуваат квалификациите со домашен натпревар против Летонија, потоа гостуваат кај Италија, а во март 2025 се двете средби со Шпанија.