Еден од ракометарите со најдолг стаж во Бутел Скопје, Бојан Спасовски, ја продолжи соработката со клубот.
Десното крило потпиша нов договор на две сезони и ќе остане во Бутел Скопје најмалку до летото во 2028 година.
Спасовски потекнува од Бутел Скопје, настапуваше три сезони во тимот на Аеродром, кога овој клуб играше во Првата лига.
Во 2020 година се врати во Бутел Скопје и со новиот договор ќе комплетира осум сезони во клубот што откако е дел од елитната конкуренција секогаш игра во плеј-офот.
Бутелци почнуваат нова ера со Стојанче Стоилов на кормилото, а досега ги потврдија ангажманите на голманите Градимир Чаневски и Марко Богдановски.























