Монпелје најде замена за Симоне – доаѓа шпански плејмејкер од Порто

Францускиот гигант Монпелје го претстави своето ново засилување за сезоната 2026/27. Шпанскиот среден бек Пол Валера ќе ја продолжи кариерата во редовите на францускиот клуб.

Валера изминатата сезона настапуваше за Порто како позајмен играч од Барселона, а сега ќе игра на нова позајмица во Монпелје. Договорот меѓу клубовите е со важност до летото 2027 година.

Шпанскиот плејмејкер ќе има важна улога во составот на Монпелје, каде што треба да ја пополни празнината по заминувањето на легендарниот аргентински репрезентативец Диего Симоне, кој неодамна стави крај на својата богата играчка кариера.

За Валера ова ќе биде нов предизвик во силното француско првенство, каде ќе има можност дополнително да го потврди својот квалитет по добрата сезона во дресот на Порто.

Со неговото ангажирање, Монпелје добива креативен организатор на играта, а клубот верува дека Валера ќе биде достојна замена за искусниот Симоне во битките на домашната и европската сцена.