🎥 MАЕСТРО МИТРЕВСКИ – пасот до Манасков во ТОП 3 асистенции на сезоната во ЛШ!

Чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски, доби уште едно големо признание за своите настапи во Лигата на шампионите.

Европската ракометна федерација ја избра неговата спектакуларна асистенција како трета најдобра во сезоната 2025/26 во најелитното европско клупско натпреварување.

Станува збор за маестрален пас на Митревски кон искусното крило Дејан Манасков, кој на атрактивен начин ја реализираше акцијата на натпреварот против новиот европски шампион Барселона.

Иако битолскиот состав тогаш беше поразен, оваа акција остана запаметена како една од најубавите во целата сезона.

Митревски уште еднаш покажа дека, покрај одличните интервенции меѓу стативите, поседува и извонредна визија за игра, со што заслужено се најде меѓу авторите на најдобрите асистенции во Лигата на шампионите.

Ова признание е уште една потврда за квалитетот на еден од најдобрите македонски голмани во историјата, кој и на европската сцена продолжува да остава силен белег.