По тренерот Рубен Гарабаја, како и десното крило Богдан Радивојевиќ и Мигел Еспиња, кои дресовите на Еурофарм Пелистер и Вардар ги заменија со оној на Бешикташ, турскиот тим промовира уште пет нови имиња.
Турскиот шампион го засили ростерот со уште тројца интернационалци и двајца домашни млади ракометари.
Станува збор за Тобијас Цветко од Словенија, кој по една сезона пауза се враќа во Бешикташ. Средниот бек по заминувањето од Истанбул беше дел од Спор Тото, а потекнува од Целје.
Доаѓа уште еден плејмејкер – Шпанецот Исмаел Ел Корчи, кој минатата сезона играше за португалската Бенфика.
Нов член на Бешикташ е искусниот чилеански лев бек Ервин Фојтман, кој по настапите за Лемго, Гумерсбах, Истр, Адемар Леон и последно Тулуз, се враќа во турскиот шампион, каде што играше во сезоната 2014/15 кога овој клуб беше дел од ЛШ.
Покрај нив тројца во Бешикташ доаѓаат и пикерот Атахан Акчам и младинскиот репрезентативен среден бек на Турција, Алпер Динч. Бешикташ во новата сезона ќе игра во Лигата на Европа.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________


























