Тимот на Рапид Букурешт, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, се пласираше во четвртфиналето на Купот на Романија.
Предводен од Ристовска, Рапид Букурешт славеше против Миовени со убедливи 46-16 на гостински терен.
Македонското десно крило успеа да постигне седум погодоци од осум обиди во домашната мрежа, со што беше најдобрата во победничката екипа и имаше највисок индекс на корисност.
Рапид Букурешт со овој триумф обезбеди место во четвртфиналето на Купот, а последната пречка до Ф4 ќе биде составот на Таргу Жиу.