На местото на Шпанецот Давид Гинеста во романскиот вицепрвак Рапид Букурешт, доаѓа нов тренер од лето.
Гинеста ќе биде селектор на женската репрезентација на Турција, а неговото место ќе го заземе Французинот Лоран Безо.
Според „ГСП“, Рапид Букурешт водел преговори со Амброш Мартин и Карлос Вивер, уште пред Мартин да оди во Крим, но не била договорена соработка.
Безо работеше во машкиот ракомет до 2009 година, во тимовите на Бордо, Сен Сир Луар и Тулуз, пред да го преземе Арвор Брест и да работи со дами.
Беше селектор на женската репрезентација на Тунис, а потоа осум години до 2021 година беше предводник на Брест Бретањ, со кој играше финале во Лигата на шампионите.
Во Рапид Букурешт настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска.