Шоу во Словенија: Проштален натпревар на Лазовиќ и Шкоф, ќе играат Балиќ, Вујовиќ, Кобетиќ…

На 28 декември во словенечкиот град Брежице, ќе се одигра проштален натпревар во чест на Барбара Лазовиќ и Горазд Шкоф. Двајцата потекнуваат од Брежице, па токму во овој град ќе го одиграат својот последен натпревар, на кој ќе се појават многу легенди во двата тима.

Во тимот на некогашната вардарка ќе се појават многу ракометарки со кои таа играше заедно во четирите сезони во македонскиот клуб и во Крим – Кобетиќ, Радичевиќ, Вујовиќ, Сокач, Чанаџија, Грубишиќ…додека во тимот на некогашниот голман ќе играат легенди како Балиќ, Зорман, Кавтичник, Жвижеј…

Натпреварот кој ќе има хуманитарен карактер ќе започне од 17:30 часот, а гледачите ќе имаат можност да уживаат во ракометен спектакл.

Лазовиќ низ кариерата играше за Брежице, Крим, Зајечар, Вардар, ЧСМ Букурешт и Будуќност, постигна 540 гола во Лигата на шампионите за 16 сезони, а круна на репрезентативната кариера беше настапот на Олимписките игри во Франција со словенечката репрезентација.

Шкоф потекнува исто така од Брежице, играше за Кршко и Копер, како и Горење, Целје и Тримо Требње, а направи одлична интернационална кариера во Ферлах, Загреб, француските Кретеј, Нант и ПСЖ, како и германските Ерланген и Лудвигсхафен, каде ја заврши кариерата во 2021 година.

Лазовиќ тим: Ана Грос, Тамара Мавсар, Ања Фрешер, Итана Грбиќ, Нели Ирман, Сергеја Стефанишин, Нина Јеричек, Миша Маринчек, Јованка Радичевиќ, Сања Вујовиќ, Маја Сокач, Андреа Чанаџија, Јелена Грубишиќ, Амра Панџиќ, Бранка Зец, Алја Варагиќ, Андреа Кобетиќ, Олга Чечкова.

Шкоф тим: Драган Гајиќ, Лука Жвижеј, Бено Лапајне, Вид Кавтичник, Мануел Штрлек, Ивано Балиќ, Урош Зорман, Душан Подпечан, Боштјан Фицко, Јуре Доленец, Мирза Џомба, Матеј Габер, Давид Шпилер, Зоран Лубеј, Деан Бомбач, Примож Прошт, Бранко Тамше, Урош Бундало, Лука Добелшек, Бранко Бедековиќ.