Радевска ја продолжува кариерата во косовскиот шампионат

20-годишната Бојана Радевска ќе го има првиот интернационален предизвик во својата кариера.

Довчерашната ракометарка на Вардар во остатокот од тековната сезона ќе го носи дресот на косовската Самадреџа.

Станува збор за екипа која е предводена од поранешниот тренер на Охрид и Тиквеш, Горан Андоновски.

Десното крило веќе дебитираше во дресот на Самадреџа и покажа дека ќе биде една од клучните фигури во екипата.

Радевска во Македонија беше дел од екипата на Вардар и со „црвено-црните“ имаше забележителни резултати во сите категории.