Прв пораз за Кузмановски и Кувајт Спорт, Јасухира и Бурган ремизираа со Ал Араби

Тимот на Ал Духаил од Катар, каде што дел од стручниот штаб на Мартин Амброш е Македонецот Петар Мисовски запиша триумф на Азиското клупско првенство.

Ал Духаил славеше со 29-25 над Ал Наџма од Бахреин, а екс пелистерецот Карим Хендави запиша седум одбрани во победничкиот тим. Урош Митровиќ постигна три гола во поразената екипа.

Кувајт Спорт Клуб загуби првпат по двете победи. Тимот на Филип Кузмановски, кој даде два гола, беше поразен со 34-31 од Ал Калиџ од Саудиска Арабија. Во победничкиот состав Дмитро Горига постигна четири погодоци, а голманот Кристијан Пилиповиќ имаше шест одбрани.

Тимот на Бурган од Кувајт, каде што игра Косуке Јасухира одигра реми со Ал Араби од Катар, 25-25. Средниот бек од Јапонија даде три гола.