Ракометарите на Пролет вчера означија почеток на подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.
Тренерот Александар Јовиќ на располагање ќе ги има речиси сите ракометари од првиот дел од сезоната, а како што тоа е вообичаено за Пролет – македонските ракометари и нивниот развој ќе биде приоритет и во наредниот период.
Предвидено е во наредниот период екипата да тренира во Скопје, по што ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари.
Единствениот кој си замина од редовите на Пролет зимава е искусниот ракометар од Тунис, Мохамед Рарик Бакар.
Десниот бек го мина првиот дел од сезонава како позајмен играч од Вардар, но поради семејни причини реши да се врати назад во татковината.
Пролет има шанси да обезбеди пласман во плеј-оф фазата од суперлигашкото друштво, но во остатокот од регуларниот дел од сезоната ќе мора да го даде својот максимум и да направи некое изненадување.