Прилеп го врати Стефан Лозаноски

Тимот на Прилеп го промовираше новото засилување за престојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции за пласман во плеј-оф.

Старо-нов ракометар на прилепскиот состав е Стефан Лозаноски, лев бек кој по ангажманот во Грција се враќа дома.

Лозаноски беше дел од грчкиот второлигаш Аминтас, а во јужниот сосед на Македонија играше и за Аеропос Едеса.

Претходно прилепчани ги договорија голманот Благојче Трајкоски и кружниот напаѓач Петар Маркоски, а ги продолжија договорите со најдобриот стрелец и капитен Димитар Димитриоски и тренерот Наум Танески.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________