Тимот на Прилеп се пласираше во групната фаза од Купот на Македонија откако славеше на гостински терен кај прволигашот Текстилец со 38-20.
Капитенот Христи Бикоски беше најдобар стрелец со 12 погодоци во Штип и го водеше својот тим до убедлива победа.
Штипјани парираа колку што имаа сили во првиот дел , но пред паузата Прилеп направи серија и замина на пауза со 16-9.
Второто полувреме мина во комплетна доминација на гостинските ракометари, кои на крајот славеа убедливо.
Во штипскиот состав се истакна Јован Атанасовски со осум гола.
Куп на Македонија, елиминации:
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
Охрид – Шампион 45-10
Радовиш – Скопје 44-19
Еурофарм Пелистер 2 – Драчево 40-22
Бутел Скопје – Металург РА 39-23
Аеродром – Македонија ЃП 29-28
Младост Богданци – Струга 20-21
Текстилец – Прилеп 20-38
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ