МВП НА 7. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ЕСАД ДРПЉАНИН (ПРОЛЕТ)

Левото крило на Пролет, Есад Дрпљанин, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Поранешниот член на Бутел Скопје и Голден Арт, беше меѓу најзаслужните за триумфот на натпреварот против Струга на гостински терен.

Тој освои дури 62% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Теодор Тодески кој освои 31% од гласовите.

Номинирани за МВП на 7. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Ненад Белистојаноски, Косуке Јасухира, Урош Митровиќ, Милан Лазаревски и Иван Ангелески.