Тимот на Преспа славеше против Текстилец со 24-19 во натпревар од 6 коло во прволигашката конкуренција.
Ресенчани уште од стартот ја најавија победата и поведоа со 4-1, а на пауза заминаа со водство од шест гола, 17-11.
Во второто полувреме во кое немаше многу погодоци, домашните рутински ја одработија задачата и бодовите останаа дома.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бојан Поповски и Филип Шиклевски со по седум гола, додека кај Текстилец се истакна Дарио Јорданов со девет гола.