Познати учесниците во женската ЛШ: Нема македонска екипа, но ќе има Македонки

Европската ракометна федерација денеска ги потврди и учесниците во женската Лига на шампионите за наредната сезона.

Oд тимовите што аплицираа за вајлд-карта, прифатени се оние на хрватската Подравка, данскиот Оденсе, францускиот Брест Бретањ, унгарскиот и европски првак Ѓер, норвешкиот Сторхамар, како и романските Рапид Букурешт и Глорија Бистрица.

Тоа значи дека Македонија ќе има свои претставници – Ива Младеновска со Брест и Сара Ристовска со Рапид Букурешт.

Директно место во групите имаа обезбедено данските Есбјерг и Никобинг, францускиот Мец, германскиот Лудвигсбург, унгарскиот Ференцварош, црногорската Будуќност, норвешкиот Кристијансанд, романскиот ЧСМ Букурешт и словенечкиот Крим.

Барањата за „апгрејд“ на германската Борусија, унгарскиот Дебрецин и норвешката Сола не беа прифатени, па тие ќе играат во групната фаза од Лигата на Европа.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 27 јуни од 17:30 во Виена.