Најдобриот десен бек за минатата сезона во Ол Стар тимот во изборот на 24Ракомет, Урош Митровиќ, ќе биде на позајмица во следните две недели.
Српскиот репрезентативец ќе игра за клубот Ал Наџма од Бахреин и ќе се бори за престижната титула, што носи и пласман на Светското клупско првенство.
Десниот бек и неговиот клуб ќе играат во групата Б, заедно со екипите на Ал Араби од Катар, Ал Кувајт од Кувајт и Ал Калиџ од Саудиска Арабија.
Тоа значи дека Митровиќ ќе игра против довчерашниот колега од Вардар, Дмитро Горига, како и против Филип Кузмановски, односно Кристијан Пилиповиќ.
Горига и Пилиповиќ ќе играат за Ал Калиџ, додека Кузмановски на кратко време ќе го облече дресот на Ал Кувајт.
Во групата А се екипите на Шарџа од Обединетите Арапски Емирати, Бурган на Косуке Јасухира од Кувајт, потоа Ал Духаил од Катар и ЧА Клуб од Кина.

























