Во центарот на вниманието на македонската јавност денеска ќе биде пресметката во Охрид меѓу македонскиот тим и словенечкиот Целје во полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп.
Некогашниот европски првак славеше на првата пресметка со охриѓани со 27-26, иако имаше предност и од седум гола, сепак македонскиот тим успеа да се врати на минус еден, негатива што е достижна во преполната сала „Билјанини Извори“.
Tренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, за овој дуел ќе смета на истите ракометари од првиот меч, додека во комбинација за оваа средба не се повредните Борозан, Петриќ, потоа Ѓорѓески, Трајчески, Бојаниќ…
Целје ќе биде со истите ракометари од првата средба и без повредениот Маи Маргуч, за кој сезоната е завршена поради повреда.
Мечот меѓу Охрид и Целје се игра вечерва во салата „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.

____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________


























