Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот дуел од главната фаза на Светското младинско првенство, кое се одржува во Скопје.
Младинките на Македонија силите ќе ги одмерат со репрезентацијата на Црна Гора, која вчера беше поразена од Исланд.
Селекторот Дарко Јанев го одреди составот за вечерашниот дуел и се одлучи да направи две промени во однос на вчерашниот одигран натпревар со Португалија.
Во составот на „црвено-жолтите“ ќе бидат Анастасија Величковска и Вероника Ѓорѓиевска, додека на трибините ќе останат Росана Павлова и Сара Богојеска.
Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:15 часот.