ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров направи две измени, Македонија со 15 ракометари против Словенија

Во сенка на големата трагедија што утринава ја потресе Македонија, машката репрезентација ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2026 против Словенија.

Селекторот Кирил Лазаров направи две измени во составот и вметна двајца младински репрезентативци.

На местото на Марко Кизиќ, шанса ќе добие Иван Галевски, додека на местото на Томислав Јагуриновски, во составот е Александар Петковски.

Од комбинација отпаднаа претходно повредените Никола Маркоски и Дамјан Митев, а во ростерот не се ниту Игор Ѓорѓиев и Михаил Аларов.

Составот на Словенија е истиот од натпреварот во Скопје.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе се игра вечерва во салата „Бонифика“ во Копер со почеток во 18:30 часот.