Исто како лани, францускиот Монпелје обезбеди место на завршниот турнир во Лигата на Европа.
По убедливата победа на првиот меч со Вардар, на реваншот Монпелје беше поразен со 27-24, но сепак патува во Хамбург.
„Среќни сме со победата. Му честитам на Вардар за играта и секогаш е убаво да се игра тука, пред ваква атмосфера. Би сакал да го пофалам духот што го покажа Вардар – не е лесно откако загубија толку високо на првиот меч. Голманот им беше одличен. Мојот тим потроши многу енергија и секако сме задоволни од победата“, изјави тренерот на Монпелје, Ерик Мате.
Некогашниот вардарец, Рожерио Мораеш, знаеше каква е атмосферата во Скопје.
„Беше тежок меч. Знаевме уште од првиот натпревар дека ќе биде тешко. Ја знам атмосферата во Скопје – секогаш се заедно со екипата. Денеска беа фантастични. Вардар покажа пред Европа дека има одлична атмосфера. За играта, знаевме дека ќе биде тешко. Имавме добар резултат од првиот меч и ја задржувавме таа предност. Имавме многу грешки и загубени топки, голманите беа одлични. Сепак, успеавме да се вратиме во игра и да се квалификуваме за Хамбург“, изјави Мораеш.
Покрај Монпелје, на Ф4 се пласираа трите германски екипи – Мелсунген, Кил и Фленсбург.
Вардар победи во Скопје – но Монпелје ќе игра на Ф4 во Хамбург
























