Средниот бек на Вардар, Николас Боно, доби репрезентативен повик од Аргентина за претстојниот собир во ЕХФ неделата.
Tој се најде на списокот на селекторот Родолфо Јунг од 20 ракометари за собирот во шпанскиот Суидад Реал.
Јунг смета на тројца дебитанти, Робледо и Гул се враќаат по повредите, а тука се стандардните Боно, Мартинез, Бар, Кањете, Москариело…
Ова е прв собир на Аргентина откако го освоија трофејот на првенството на Средна и Јужна Америка во јануари, а Боно беше прогласен за МВП.


























