Светската ракометна федерација ги дефинираше шеширите за кадетското Светско првенство во Египет, пред ждрепката што ќе се одржи на 8 април.
Најголем дел од европските селекции ќе бидат во првиот и вториот шешир, Хрватска е дел од третиот шешир, додека Косово, кое го освои првото место на ИХФ Интерконтиненталниот трофеј и двете селекции што добија специјални покани – Фарски Острови и Австрија, се најдоа во четвртиот шешир.
Според пласманот на ЕП, на СП се пласираа селекциите до 14 место, а вајлд-картите отидоа кај селекциите што завршија на 15 и 16 место лани во Црна Гора – Фарски Острови и Австрија.
Македонија поради слабиот пласман на кадетското ЕП во Црна Гора минатата година, каде што заврши на 19 место, не успеа да обезбеди мундијалски билет, па генерацијата на Наум Танески ќе скокне едно лето без репрезентативни настапи.
Мундијалот ќе се игра од 6 до 17 август во Каиро.
Светско првенство, кадети:
шешир 1: Шведска, Данска, Унгарија, Египет, Исланд, Германија, Србија, Норвешка
шешир 2: Шпанија, Словенија, Португалија, Јапонија, Тунис, Швајцарија, Бразил, Франција
шешир 3: Јужна Кореја, Хрватска, Гвинеја, Чешка, Кувајт, Мароко, Аргентина, Уругвај
шешир 4: Саудиска Арабија, Алжир, САД, Бахреин, Мексико, Фарски Острови, Австрија, Косово