Познати полуфиналните двојки на Ф4 во Лигата на Европа!

Денес во Хамбург беше извршена ждрепката за завршниот турнир во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.

Како што е познато, на Ф4 турнирот кој ќе се одржи во Хамбург, ќе играат екипите на Фленсбург, Мелсунген, Кил и Монпелје, а бранител на титулата ќе биде тимот на Фленсбург.

Токму Фленсбург во полуфиналето за ривал го доби Монпелје, додека во второто полуфинале ќе играат Мелсунген и Кил.

Ф4 турнирот во Лигата на Европа ќе се игра во „Барклејс Арена“ во Хамбург. Полуфиналните натпревари се закажани за 24 мај, додека финалето е закажано за еден ден подоцна.

Во минатата сезона, Фленсбург во финалето славеше над Фуксе Берлин, а третопласиран беше Рајн Некар, кој триумфираше против Динамо Букурешт.