Познати патниците од Јужна Америка на СП 2025

Заврши првенството на Средна и Јужна Америка, кое беше квалификациско за Светското првенство 2025 година.

Селекцијата на Бразил го освои златото, откако во последниот натпревар триумфираше над Аргентина со 28-26, иако на полувремето „гаучосите“ имаа плус еден 14-13.

Најдобри стрелци во победникот беа Карваљо и Лангаро со по шест гола, а исто толку даде Баронето за Аргентина.

Третото место го освои селекцијата на Чиле, која исто така обезбедува билет за Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.