Познати групите за Медитеранското првенство за кадети

По Медитеранското првенство за кадетки, следно на програмата е истото натпреварување во машка конкуренција.

Оваа година домаќин на 11 учесници ќе биде Тунис, а домаќинот веќе ги одреди двете групи, од кои група А има пет репрезентации, а групата Б има шест.

Македонија нема да игра на ова првенство, но од Балканот ќе настапат Србија, Хрватска, Црна Гора…

Во групата А се Шпанија, Србија, Романија, Турција и Египет, додека во групата Б се Словенија, Хрватска, Црна Гора, Грција, Италија и домаќинот Тунис.

Натпреварите се закажани во месец мај кога ќе биде ЕХФ неделата.