Познат светски бренд влегува во Вардар

Повеќекратниот македонски првак ќе добие нов спонзор, кој во вторник и официјално ќе биде промовиран. Клубот го најави доаѓањето на „познат светски бренд кој долгорочно ќе го поддржи клубот“.

Прес-конференцијата на Вардар е закажана за вторник, на денот кога се игра и големото дерби со Еурофарм Пелистер во Скопје, само во вечерниот термин.

Од клубот не откриваат кој е новиот спонзор, но она што успеа да го дознае 24Ракомет е дека станува збор за компанија од Германија. Нивниот претставник доаѓа во Скопје на потпишување на договорот, кога ќе се знаат и деталите од соработката.

Досега повеќе домашни компании го поддржаа Вардар во напорите да биде финансиски стабилен, а ова е прв од странство.