Денеска во Келн беа извлечени бараж двојките за претстојното Светско првенство 2025 што ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска.
Машката репрезентација на Македонија ќе игра против селекцијата на Фарски Острови, која беше најпријатното изненадување на последното ЕП во Германија.
Првиот бараж натпревар ќе се игра на 8/9 мај во Торшавн, додека реваншот ќе биде во Скопје на 11/12 мај.
Победникот од овој двомеч заедно со уште десетте победници од другите парови ќе играат на Мундијалот во јануари 2025 година.
Пеколна ждрепка за Србија, лесен мундијалски пат за Црна Гора, Унгарија и Исланд