„Потрошија повеќе отколку што имаа за да освојат титули – тоа е ‘спортски допинг’“

Директорот на данскиот шампион Алборг, Јан Ларсен, испрати големи критики на сметка на трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансад.

Ларсен го обвини норвешкиот тим за „спортски допинг“, истакнувајќи дека Вајперс Кристијансанд постојано се наоѓал во критични ситуации, односно финансиска криза, поради пречекорување на трошоците, што, според неговите зборови, е „скандал од огромни размери“.

,,Ова е неверојатно. Јас сум само зачуден. Потрошија повеќе отколку што требаше за да освојат титули и тоа е неправедно кон играчите и целата спортска заедница. Ова е спортски допинг во однос на клубовите кои ги спроведуваат своите активности мудро и пресметано“, изјави Ларсен за Viaplay Sport New.

Како што е познато, Вајперс Кристијансанд ја освојуваше титула во ЛШ во сезона 2020/21, 2021/22 и 2022/23, а во домашниот шампионат, до овој момент, има освоено девет титули.

Во Вајперс Кристијансад настапуваат големи и познати имиња од типит на Силје Солберг, Катрине Лунде, Јана Кнедликова, Луис Абинг, Јамина Робертс, Ана Дебелиќ…

Спортско реалити-шоу: „Змиите“ воскреснаа пред да бидат погребани!