Тимот на Порто имаше сезона за заборав, бидејќи не успеа да освои ниту еден домашен трофеј, а не се пласира ниту во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Сметката ја плати тренерот Карлос Резенде и раководството на португалскиот тим му се заблагодари на соработката, а на клупата го врати Магнус Андерсон.
Шведскиот стратег седеше на клупата на Порто од 2018 година до 2023 година и под негово водство тимот имаше одлични резултати.
Минатото лето тој замина во Екс Ан Прованс, а сега Порто мораше да плати 300.000 евра оштета за да го врати назад.
Од Порто заминаа Митревски, Плаза Хименез, Бранкињо, Ареја, Лесо, Магелаеш, Силва…а досега единствено потврдени засилувања се голманот Пјер од Трембле и левиот бек Гунарсон од Афтурелдинг.