Репрезентативецот на Швајцарија и член на Магдебург, Никола Портнер, би можел да заработи четиригодишна суспензија поради користење недозволени супстанци.
За потсетување, искусниот голман беше позитивен на метамфетамин пред околу месец дена, се чекаше и втор тест, кој го потврди и првиот наод, па така Портнер, според германските медиуми, го очекува долга супспензија.
Магдебург и неговите соиграчи од тимот се апсолутно убедени во невиноста на Портнер, а меѓу нив ѐ и средниот бек, Исланѓанецот Гисли Кристјансон.
,,Му верувам на Никола и целосно сум на негова страна. Знам дека е голем човек. Ни недостига како тим и жал ми е што мора да го помине овој тежок период”, изјави Гисли.
Портнер на почетокот на месец март, односно по натпреварот со Фуксе Берлин, беше тестиран за недозволени супстанци, резултатите беа позитивни, а на почетокот на мај и Б примерокот го потврди првичниот наод.
Од најквалитетната лига на светот се уште не ја објави висината на казната, а медиумите шпекулираат за казна од четири години.