Селекторот на женската репрезентација на Полска, Арне Сенстад, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за бараж двомечот против Македонија за пласман на СП 2025.
Сенстад повика 16 ракометарки, кои ќе се соберат на 6 април, а меѓу нив се стандардните досегашни репрезентативки.
Тука се голманките Зима и Плачек, крилата Балсам и Ноцун, како и бековското трио Росијак, Кочанијак, Кобилинска…
Меѓу повиканите ракометарки, дури 11 настапуваат во полскиот шампионат, додека пет играат во странство – Кобилинска (ЧСМ Букурешт), Ноцун (Глорија Бистрица), Михалак (Дунареа Браила), Плачек (Париз) и Ушинович (Солинген).
Првиот натпревар меѓу Полска и Македонија се игра на 9 април од 20:30 часот во Кошалин, додека реваншот е на 12 април од 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.