Машката младинска репрезентација на Македонија ја запиша третата победа на пријателските натпревари пред настапот на ЕП.
По двата триумфи над Саудиска Арабија, Македонија славеше и против Грција со 29-25 во мечот одигран во СЦ „Јане Сандански“.
За избраниците на Игор Илиевски останува уште еден, последен тест пред ЕП, против селекцијата на Италија.
Македонија е во тешка група на Европското првенство во Романија и ќе игра против Данска, Норвешка и Хрватска.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























