Македонскиот интернационалец Евгениј Темелкоски и во сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на грчкиот ПАОК.
Солунскиот клуб официјално соопшти дека ја продолжил соработката со десното крило, кое ќе остане дел од тимот и во наредната натпреварувачка сезона.
Темелкоски, роден во 2000 година, минатото лето пристигна во ПАОК и со своите настапи ги оправда очекувањата, поради што раководството одлучи да му понуди нов договор.
По продолжувањето на соработката, македонскиот интернационалец не го криеше задоволството.
„Многу сум среќен што останувам во ПАОК уште една сезона. Се надевам дека оваа година ќе биде наша, ќе ги израдуваме навивачите и заедно ќе освоиме трофеи. Напред ПАОК!“, изјави Темелкоски за официјалната клупска страница.
ПАОК и во новата сезона ќе има високи амбиции во грчкиот шампионат и Купот, а во клубот веруваат дека Темелкоски ќе продолжи да биде важен дел од тимот.
























